Општина Битола годинава ќе биде дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка „Трка за лекот“ (Race for the Cure), кој ќе се случува од 25 до 27 септември во речиси сите градови во Македонија.
Вклучувањето на Битола во овој настан беше договорено на денешната средба помеѓу претседателката на здружението „Борка – За секој нов ден” Биба Додева и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.
На средбата се дискутираше и за состојбата со заболени од рак на територијата на Општината Битола , како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица.
Градоначалничката Петровска истакна дека општина Битола максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот на дојка.
Настанот ќе се случува во пресрет на месец октомври, во кој традиционално на светско ниво се одбележува месецот за борба притов ракот на дојка, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка. М.М.