Василево
Во општината Василево во тек се градежни активности за асфалтирање на улицата во таканаречената Стаматска Маала, во селото Василево. Вкупната должина на улицата е 255 метри, но поради специфичниот карактер на теренот еден дел, односно 196 метри се асфалтирани, додека помал дел, чија должина изнесува 59 метри, е изграден со армиран бетон.
– Оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување локални патишта и улици за 2020 година. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Василево и, според договорот со градежната компанија што ги изведува работите на терен, изнесува околу 1.200.000 денари. Асфалтирањето го реализираат работници на градежната компанија „Бони интерградба“ од Штип, ангажирана од Општина Василево – информираат од локалната самоуправа на оваа општина.