Аница Трајкоска

На седумнаесеттата по ред манифестација „Вешта жена 2018“ за Кичево, што се одржа синоќа, а на која присуствуваа над 300 посетители и гости, Аница Трајкоска за масата „Пролетен сон“ беше прогласена за „Вешта жена-2018“ за Кичево, со што се здоби со право да учествува и на републичката манифестација, што по 27-ми пат ќе се одржи, на 11 и 12 мај во манастирот Лешок.

Покрај победата на Аница Трајкоска, во категорија Гран при, надвор од конкуренција, учествуваа две маси.

– Во категоријата Гран при, вон конкуренција, учествуваа две маси, а нивните креаторки и победничката Аница Трајкоска ќе учествуваат на републичката манифестација. На свеченоста, ВИП-благодарници, за посебен придонес во својата професија, им беа доделени на Д-р Биљана Настеска, писателката Оливера Ширгоска и Синка Ѓурческа – истакна Јагода Петреска, претседателка на огранокот на Вешта жена за Кичево.

Вечерта беше збогатена и со музичка програма за која беше задолжена тетовската група „Маестро бенд“, а настанот го водеше познатата презентерка Ирена Спировска.

З.А.