Фото: УКЛО Битола

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, Игор Неделковски ја доби почесната титула „Амбасадор на културната соработка меѓу Македонија и Кина“ .

Високото признание е промовирано во рамки на Глобалниот дијалог на претседатели на универзитети кој денеска заврши во кинескиот град Чифу, родното место на Конфучије.

Во рамки на форумот, ректорот Неделковски потпиша Меморандум за соработка меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Шандонг асоцијацијата за меѓународна размена на персонал (SDAIEP), со што се отвораат нови можности за академска и културна размена, заеднички проекти и иницијативи.