Во рамките на регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во ЈЗПР“ , Центарот за развој на Југозападниот плански регион ги заврши активностите за реконструкција на администартивната зграда на општина Кичево, истакна Валон Каба, директор на Центарот за развој на Југозападен плански регион..
-Во изминатиот период во овој објект се изврши целосна реконструкција на надворешната фасада со нова термо фасада, беше заменета столаријата и се изведе внатрешна реконструкција на објектот. Во надворешниот дел од ѕидовите поставена е нова термо фасада од стиропор со дебелина од десет сантиметри, на површина од 382 метри квадратни, додека пак столаријата е заменета со нова изработена од ПВЦ а ја сочинуваат 16 прозорци, четири врати надворешни и 12 врати внатрешни од медијапан. Во делот од внатрешната реконструкција целосно се малтерисани сите ѕидови на објектот, спуштени се таваните со ситемот на кнауф табли со излоација, а реновирани се и подовоте со нов ламинат. Целосната реконструкција на оваа зграда ги опфати и тоалетите и влезните степеници – наведе Каба и потсети дека за овој зафат потрошени се вкупно 6,2 милиони денари од кои 5,8 милиони финансирани од Бирото за регионален развој и околу 400 000 денари од буџетот на општина Кичево.
Директорот потсети дека во рамките на истиот проект веќе се завршени активностите во општина Дебарца со реконструкција на административната зграда, во општина Вевчани реконструирана е детската градинка„ Планински цвет“, додека во тек е реализација на активностите во општина Охрид, што ќе опфати реконструкција на санитарните јазли во детските градинки„ Лихнида“ и „Росица“. З.А.