Државниот правобранител Фехми Стафа е разрешен на денешната владина седница, потврдија за МИА владини извори.
Од Државното правобранителство попладнево информираа дека државниот правобранител Фехми Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.
– Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница, стои во оставката од Стафа.
Од Владата потврдија дека на денешната седница е разрешен државниот правобранител. Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година.