Бугарскиот претседател Румен Радев денеска и се заблагодарил на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова за поддрѓката и понудената помош од Македонија за справување со последиците од невремето кое ја зафати Бугарија и во кое имаше четири жртви.
– Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на Македонија да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето – објави шефот на бугарската држава на платформата Х.
Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените региони е ограничен. Во поплавите загинаа четири лица, а активностите за справување со последиците продолжуваат при што доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата, обезбедување на населението и нормализирање на секојдневниот живот.