Фото: З.А

Во периодот ноември 2024 па се до август 2025 година Рурална коалиција ќе го спроведува проектот „Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ финансиран како под грант во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси со Кораб, Коритник, Шара и Албанските Алпи“ а се имплементира од страна на канцелариите за поврзување на природните вредности и луѓето на Македонија и Албанијa (ЦВНП) и финансиски поддржен од фондот за конзервација и одржливост, Преспа, Охрид (ПОНТ).

Во рамките на проектот една од предвидените активности е изработка на програма за рурален туризам на општина Кичево, која што треба да произлезе согласно идентификуваните потреби и приоритети на граѓаните во локалната заедница и руралните средини. За таа цел ќе се одржат две работилници на кои ќе се дискутира за клучните области и приоритети за работа во областа рурален развој и туризам со локалните чинители(општина,институции,локални, граѓански организации,индивидуалци млади жители, жители на рурални средини,претседатели и членови на месни заедници и т.н.).

– Денес ја имавме втората работилница во рамките на проектот „Патот до селото,одржлив развој во срцето на природата“ така ни е наречен проектот финансиран од ЦНВП фондацијата, исто така и од ПОНТ организации кои што делуваат во земјава, во Косово и во Албанија, и се насочени кон заштита на природните богатства.Ние аплициравме да се обидеме да ги промовираме природните богатства Илинска планина, Кичево и кичевскиот регион а една од активностите кои ги предвидовме во рамките на проектот е и изработка на програма за рурален развој и туризам. Оваа програма за прв пат ја работиме заедно со општината Кичево и е прва програма од таков вид која е изработена во нашата општина се со цел сите заеднички како локални чинители да ги испланираме активностите кои што ние сакаме да ги видиме или да ги реализираме во наредниот период – истакна извршната директорка Лиле Јоноски и нагласи дека првите ефекти од овој проект треба да ги очекуваме до крајот на април и почеток на мај и кога треба да биде завршен овој проект за рурален развој и туризам. З.А