Ловџија се повреди кај скопското село Буковиќ, на непристапен терен, по што е безбедно евакуиран и со хеликоптер транспортиран во Ургентниот центар, објави Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На денот кога требаше да се промовира дека земјава има хеликоптер кој е опремен да помогне во брз транспорт на пациенти од непристапнитерени, наместо на промоција медикоптерот како што популарно се нарекува, утрово ја имал првата своја задача.
Во близина скопско село Буковиќ ловџија паднал во провалија и ја скршил ногата. Преку ЦУК се организирале докторите и хеликоптрот кој наместо да тргне за Битола на промоција прво успешно го транспортирал ловџијата до болница. Претходно по инструкции на докторите кои со итната помош не можеле да го транспортираат заради непристапниот терен ловџите кои биле со него му запалиле оган и држеле затоплен да не добие хипертермија, а сечеле и гранки во близината за да може да слета хеликоптерот. За среќа на ловџијата хеликоптер е опремен за давање итна медицинска помош и пренос, кој утрово требаше да има симулациско показна вежба на новата опрема.
Оваа опрема која може за 15-тина минути да се намести во кој било од хеликоптерите сопственост на МВР или на Армијата е донација од Словенија и беше ставена во функција уште првиот ден.