Премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека се проверени повеќе од 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци, но повеќето од половината не ги исполнувале минималните технички услови. Оваа информација, како што истакна, ја добил од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Во гостување на ТВ Сител, Мицкоски напомена дека разговарал со претседателот на ЗЕЛС и од него побарал итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите објекти што се под општинска надлежност, а комуналните инспектори да излезат на терен за да ги проверат надстрешниците на објакетите, терасите,…
-Пред да дојдам тука добив инофрмација од ДПИ дека се проверени повеќе од 60 – 70 локали, дури и оние со важечки лиценци. Повеќето од половината не ги исполнуваат минималните технички услови и тоа е најголемиот проблем. Разговарав и со претседателот на ЗЕЛС, итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите објекти што се под општинска надлежност, комуналните инспектори да излезат на терен да ги прверат надстрешниците, терасите,… – истакна премиерот.
Во врска со трагедијата во Кочани, потенцира дека никој нема да биде поштеден и ќе има одговорност за секого што постапил незаконски, независно од која партија е, дали е Македонец, Албанец, муслиман, христијанин,…
Премиерот ги пофали обвинителите, дека веднаш излегле на терен, како и дека работат заедно со МВР, постојано, по 16 – 17 часа.