Пропадна и последната рунда разговори меѓу СОНК и Владата. На вечерашната средба во Министерството за финансии, двете страни не се договориле околу синдикалните барања за зголемување на платите.
Нова рунда преговори се очекува да има во текот на оваа недела.
Од СОНК велат дека Владата очигледно несериозно ја сфаќа најавата за штрајк следниот понеделник.
Првиот синдикалец, Јаким Неделков е разочаран што нема никакво решение, и вели дека не било мудро да се заплашуваат воспитувачите дека на нивно место ќе се донесат нови заменски, ако престанат со работа.
Министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска е оптимист дека деновиве ќе се изнајде конкретен предлог. Правото на штрајк, вели, е легитимно, но сепак и по Закон и по Устав децата во градинките мора да бидат згрижени.
СОНК бара зголемување на платите за 18,5 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.