Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со кратки сончеви интервали и умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 15 степени.
Во наредните денови се очекува променливо облачно време со умерен ветер од северен правец, а во понеделник се можни и слаби врнежи од дожд, пренесе МИА.


































