Авторот на плакатот за Референдумот за суверена и независна Македонија во 1991 година, проф. Митко-Хаџи-Пуља, архитект, подари оригинален, сега веќе исклучително редок плакат, на редакцијата на „Нова Македонија“.
-Со особена почит, во знак на поддршка за колективот на весникот „Нова Македонија“, столб на македонскиот идентитет – пишува во посветата.
„Нова Македонија“ е благодарна на укажаната честа и на почитта од проф. Митко-Хаџи-Пуља, на неговото ценето семејство и на сите бројни високи интелектуалци чиј репрезентативен примерок е токму нашиот професор Хаџи Пуља.
Редакцијата и менаџментот на „Нова Македонија“ воедно искажува и највисок респект кон сите граѓани на нашата македонска татковина, кои се монолитниот темел на нашата држава.
Вашата поддршка на заедничкиот наш медиум, со најдога традиција во Македонија, е непресушен извор за нас новинарите од каде со најбистра вода ја гасиме жеддта за вистината, фактите, аргументите, во потрага по правото и правдината, презентирајќи ги универзалните човечки вредности пред сите наши сограѓани!