- Истакнати интелектуалци, странски и домашни универзитетски професори за феноменот на „лингвистичката територијалност“
Истакнатиот француско-канадски политиколог д-р Жан Лапонс во своето дело „Јазикот и територијата“ од 1984 година има напишано: „Зоната на лингвистичка територијалност создава гетоизација што, иако го штити јазикот, ја поткопува политичката соработка и ја прави СЕЦЕСИЈАТА логичен следен чекор!“
Белгискиот политички филозоф и социолингвист со светски углед д-р Филип де Парис е автор на теоријата и праксата на „лингвистичката територијалност“ за јазиците на малцинските заедници во државите со етнички мешани општества, заради, како што истакнува, обезбедување „лингвистичка правда“ и „еднаков третман на јазиците“. Но едновремено професорот Парис е и свесен за опасностите од примената на таа лингвистичка концепција, особено во земјите што имаат УНИТАРЕН карактер. „Дали сепак ќе им се дозволи на говорителите на малцинскиот јазик да бидат ‘кралеви’ во својата зона на јазична територијалност, да ја ‘зграпчат’ таа територија?!“, истакнува овој политички и јазичен експерт во својата научна студија „Лингвистичка правда за Европа и светот“ од 2011 година, имплицирајќи дека лингвистичката територијалност е предвесник на територијалната автономија, гетоизација и на крајот регионализација и одделување (отцепување) од матичната држава.
На иста линија со Парис е и истакнатиот француско-канадски политиколог д-р Жан Лапонс, кој во своето дело „Јазикот и територијата“ од 1984 година има напишано: „Зоната на лингвистичка територијалност создава гетоизација што, иако го штити јазикот, ја поткопува политичката соработка и ја прави СЕЦЕСИЈАТА логичен следен чекор!“
Во студијата „Од каде доаѓаат националните држави: Институционални промени во ерата на национализмот“ (2007), во врска со концептот на јазичната територијалност, д-р Филип Г. Родер, професор по политички науки на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, во САД, предупредува дека тој концепт може да осигурува заштита на малцинските јазици во една државна заедница, но и оти ги поттикнува и локалните сепаратистички движења. – Територијалниот принцип е ефикасен за заштитата на јазикот, но е деструктивен за политичката интеграција на повеќејазичните држави, бидејќи ги преобразува културните разлики во територијален конфликт – укажа Родер.
Уште во 2017 година, во писмено обраќање до парламентот и до Министерството за правда, 17 професори македонисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ безуспешно бараа Законот за јазици да биде повлечен од натамошна постапка.
– Законот за употреба на јазиците излегува од рамките на Охридскиот договор. Македонскиот јазик го губи својството на официјален јазик, на којшто ќе комуницираат сите етникуми во РМ… Албанскиот се издига над сите останати јазици во РМ, вклучително и над македонскиот јазик – уште тогаш аргументираа овие професори. Р.Н.М.
































