Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со активна потрага по Петар Џ., а граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријавуваат во Полициската станица Витолиште инфирмираат од СВР Битола.
Малиот Петар Џ., за кое неговиот родител пријави во петокот вечерта дека се оддалечил од домот во с. Врбско, општина Прилеп трет ден се бара.
Освен хеликоптер вклучени се и службени кучиња, како и дрон, а како и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.
Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071268594.
-Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата -велат од МВР.
Ка.М.