Поради технички проблеми со веб-страницата
Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до утре до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.
Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на изминатата ноќ од полноќ, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот.
Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март, 9 часот.