Фото:МВР

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата Lибертера 2 (LIBERTERRA II) на Интерпол, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство, соопштија денеска од МВР.

На почетокот на октомври 2024 година, Министерство за внатрешни работи било домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција Lибертера 2, координирана од страна на Интерпол, со учество на 116 држави од светот.

Глобалната операција, стои во соопштението, била насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.

Во текот на оперативните активности на Lибертера 2, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење било и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција.

Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележала значителни успеси и довела до реализација на зацртаните цели.

Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени биле акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и Хотспот (HOTSPOT) операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИнтерполНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.

– Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија – се посочува во соопштението.