Пристигнувањето на кичевската илинденска коњаница во манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче беше најавено со биење на камбаните.
На свеченоста беше осветен леб (колач) во чест на св. Марина (Огнена Марија), која се прославува денес.
Лебот беше прекршен од игуменот Сeрафим и водачот на коњаницата, за здравје и спасение на сите учесници во коњаницата и присутни.
Се отслужи и панихида за сите загинати бранители на Македонија, сите учесници во илинденскиот период, како и за народот кој бил под ропство. Како што беше и во најавата, молитвите за упатени и за непријателите.
Отецот го спомена Мелхиседек од Стариот завет кој го пречекал Аврам со леб и вино, што е симбол на телото и крвта на Христос. Во овој контекст беше и благословот над коњаницата, односно луѓето кои се залагаат за слободата, да се умножуваат и преумножуваат, бранејќи ја слободата и нејзините вредности кај сопствениот народ.