Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи и ниваната усогласеност во оваа институција која доби осум препораки за отстранување на неусогласеностите. Според ревизорскиот извештај, на ваквите состојби големо влијание имаат и системските слабости.
Во ревизорскиот извештај, меѓу другото се набележани низа недоследности и неусогласености. Судот не вршел попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на паричните средства и обврски по основ на судските депозити.
– Не е воспоставена сметководствена евиденција и нецелосни се податоците во апликацијата АКМИС за одземените парични средства и скапоцености и други одземени предмети (корпора деликти), а не е извршен нивни попис. Поради неводење евиденција во дневник, не е обезбеден целосен увид во состојбата и движењето на средствата на секој депозит по одделни предмети, нема целосен преглед на севкупното работење со средствата на депозитите од претходната година, а уплатените депозити за увиди на лице место со решение се исплатуваат на судија, записничар, возач и за гориво за службено возило, но не се донесени акти во кои е предвидено како се пресметува износот за гориво и трошоците за увид на лице место – стои, меѓу другото во ревизорскиот извештај.
Системските слабости во работатата на судовите придонесуваат за ваквите состојбите, зашто нема одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат техички и помошни работи, различните услови за пополнување едно работно место во судовите предизвикуваат дилема, не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење судски депозити и постои неусогласеност на законската со подзаконската регулатива за утврдување сопственост на застарените депонирани предмети.
Како системска слабост се констатира фактот што Судската власт од Буџетот не ги добива законски предвидените 0,8 отсто од БДП, туку само 0,3 отсто.