Фото:Прилепска болница

Министерството за здравство набави два медицински апарати за болницата во Прилеп. Добиени се лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедско одделение со 4К резолуција, а вредноста на двата апарати е околу 24 милиони денари.

Од болницата велат дека станува збор за лапароскопски столб со кој ќе се работат два типа на операции : лапароскопски и ендоуролошки.

-Лапоароскопија е минимално инвазивна метода , каде што ,преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина,.На овој начин би се оперирале тумори на бубрег ( радикална нефректомија), афункција на бубрег (симплекс нефректомија) , цисти на бубрег ( редукција ) , варикоцела ( проширени вени на лев тестис ).Ендоуролошкиот пристап подразбира. TURT ( transurthral resection of the bladder tumor ) и ,TURP ( transurethral resection of the prostata ).Столбот има можност за ресекција со монополар и биполар. Биполарнарата ресекција е многу корисна, бидејќи, во исто време и ресецира и коагулира, така да, има минимална крвозагуба.

Артроскопски столб е со LCD екран направен е по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Со добивањето на овој современ апарат артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во прилепската болница. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб. Додека за третман на менискалните повреди во блиска иднина ќе починеме со шиење на менискуски што е светски стандард за овие спортски повреди. Исто сакаме да кажеме дека ќе продолжиме со третман на скинат преден вкрстен лигамент т.е. лигаментопластика со најсовремени методи – посочуваат од болницата потенцирајќи дека ќе продолжат со осовременувањето на лечењето и поголема грижа за пациентите. Ка.М