Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ во рамки на спроведувањето на континуирани превентивни активности од различни области, денеска, заедно со полициски службеници од Полициската станица за ГП и ГН Стар Дојран со глисер направија обиколка долж Дојранското езеро при што на туристите, посетителите и локалното население им беа давани совети како да се постапува при екстремно високите температури, соопшти МВР на официјалната фејсбук страна.
– Притоа, во интерес на лична заштита од неповолните температурни услови карактеристични за овој период од годината, полициските службеници укажуваа на неопходноста од заштита од топлото време преку практични совети, а воедно на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со корисни пораки како и шишиња со вода – информираа од министерството.
Инаку идентични превентивни активности беа спроведени и на граничниот премин „Стар Дојран“ на влез и излез, секако и во функција на подобро и полесно поминување на границата со посебен акцент на возачите на товарни моторни возила.