Во кругот на Клиничката болница во Тетово денес беше претставен план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница. Ова го најавија министрите Азир Алиу и Арбен Фетаи, повеќе пратеници заедно со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, кои воедно положија и цвеќе на местото предвидено за изградба.
– Денеска не започнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред 4 години на ова место се случи трагедија која не смее да се заборави, но институциите 4 години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за оние што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој доцнежниот одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа започнуваме поинаку- истакна министерот за здравство Азир Алиу.
Тој образложи дека овој проект е почнат само неколку недели по неговото преземање на функцијата министер за здравство во насока на одговорност. Потенцираше дека Меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.
– Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки,дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се и вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава – истакна Алиу.
На новинарско прашање Алиу рече дека при крај е Национална стратегија која ќе ги насочи институциите за постапки за големиот број трагедии коишто се случија во државата.