Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој деновиве е во официјална посета на земјава, денеска се запозна со широкиот асортиман на македонски вина и со македонските семејни винарии. Винскиот потенцијал на македонските винарии, како и врвниот квалитет на нивните производи му ги претстави Јадранка Клариќ Кимовска, вински амбасадор и почесен член на Асоцијацијата на македонските семејни винарии.

-Бев домаќинка на претседателот на Саборот, Јандроковиќ, и на хрватската делегација во мојот вински бар Вајн бери (Wine Berry). Беше големо задоволство на нашите гости да им ја претставам уникатната и автентично македонска понуда, а тие ја истакнаа несебичната поддршка од хрватската заедница – вели Клариќ Кимовска.