На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ – соопшти службата за информирање на бугарската влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.
Во центарот на дискусиите ќе биде разговарано за регионот, од почетокот војната во Украина.
Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.
Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.
По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.