Фото: З.А.

Сестринството од манастирот Пресвета Богородица Пречиста кичевска од наредната среда, за прв пат во земјава, ќе започне со продажба на стерилизирано кравјо млеко преку апарат лоциран во кругот на поранешната општина Кичево или денешна дирекција на ЈКП „Комуналец“, Кичево.

-Пречистанскиот манастир од наредната среда започнува со точење на стерилизирано свежо кравјо млеко од својата фарма, што се наоѓа во близина на манастирот. Испорачаното млеко ќе биде сместено во специјални стерилизирани комори и во зависност од желбата на купувачот овој апарат може да понуди еден литар свежо кравско млеко или 0,5 литри. Цената за литар млеко ќе биде 100 денари. За точење на млекото најпрво ќе треба заинтересираните граѓани да внесат пари во определен фах, по што апаратот ќе ја испорача онаа количина која што сте ја платиле – велат од манастирот и додаваат дека млекото ќе е свежо стерилизирано. З.А.