Во присуство на бројни посетители и на градоначалникот Борче Јовчески, во Прилеп, денеска во близина на месноста Склештен мост, беше одбележан празникот Св. Трифун.
Традиционално беше изврешно закројување на лозјата, а градоначалникот Јовчески на домаќините и на присутните, честитајќи го празникот, им посака многу здравје, среќа и бериќет.
На овој ден, освен што традиционално се врши обредното закројување на лозјето, се смета дека е последен од зимските и за прв од пролетните празници. Во Прилеп, овој празник е познат и како „Св. Трипун-пијаницата“.
Инаку, во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква каде што попот пеел молитва и светел вода, која се сметало дека има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата.
Ка.М.