фото: Архива / Илустрација

И кога низ вековите, па и до ден денес, говориме за цврстина во верата, под цврстина во верата го подразбираме исповедањето на апостолот Петар, односно ја подразбираме спасителната вистина која ни ја откри самиот Христос, но, ги подразбираме и делата кои се плод на таа иста вера и вистина, вели за МИА протопрезвитер Ивица Тодоров.

Православните христијани денеска го празнуваат Петровден, кој секоја година се одбележува на 12 јули. Празникот е посветен на апостолите Петар и Павле и се смета за еден од најголемите празници по Велигден.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најмногу се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, тие се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.