фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Собранието денеска ќе ја одржи 71. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања.

Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.