Пожар избувна на планината Бистра, во реонот на кичевското село Душегубица. Огнената стихија зафати ниска вегетација и дел од шумскиот појас на непристапен терен над селото.
Според првичните информации, пожарот бил забележан и пријавен од локалните жители, по што на терен интервенирале пожарникари и други служби. Поради конфигурацијата на теренот и сувата вегетација, огнот се проширил кон повисоките делови на планината.
Надлежните служби работат на локализирање на пожарот, додека причините за неговото избувнување засега не се познати.































