фото: Маја Јаневска Илиева

Повредните во кочанската дискотека „Пулс“ ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата. Во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи ќе бидат поддржани од страна на државата, истакна денеска министерот за здравство, Азир Алиу од Штип, кој одговараше на прашање, дали државата ќе ги финансира и поддржи повредните на коишто им претстојат скапи естетски интервенции.

-Свесни сме дека има третмани и процеси коишто чинат и се скапи, но ние како држава сме задолжени за секој граѓанин да им пружиме здравствена заштита, бидејќи тоа  ни е законска надлежност. Јас, лично бев во Кочани и сега пред вас велам дека за секој процес, којшто бара финансии, ние ќе излеземе во пресрет. Исто така секој процес, којшто бара импонтирање на знаења ќе направиме такви обуки и секој процес, којшто бара мобилност на нашите граѓани надвор од државата, исто така ќе го поддржиме. Тој процес нема да се заврши брзо, тие се долгорочни процеси и ќе ни треба долгорочен пристап – изјави Алиу.

Министерот за здравство вели дека е направена анализа од експертите од нашата држава, но и од експертите коишто беа вклучени директно или индиректно со трагедијата.

-Затоа работиме интензивно и имав неколку средби со неколку амбасади, за да може делот од пациентите да одат надвор од државата на дополнителни третмани и лекувања. Но, и да направиме и инфраструктура внатре во државата. На пример едно од таквите е протези да се генерираат. Ние немаме таква лабараторија. Направив средба со лица коишто се од Словенија и да видиме до каде е процедурата – рече Алиу.

Алиу посочи дека се направени работни групи и во рамки на Влада и на Министерството за здравство, со цел да се направи Стратегија, долгорочна, за како што вели, да може да имаат инфраструктурен, човечки и професионален пристап кон граѓаните во Кочани. Тој е задоволенод  текот на рехабилитацијата на повредените млади луѓе на планината Пониква, за што вели дека сведочат и самите пациенти, кои бараат да бидат дел од групите. Во моментов на рехабилитација е трета група на повредени лица во кочанската дискотека „Пулс“, кои со помош на лекари, физиотерапевти и стручен здравствен персонал заздравуваат и имаат третмани.

Алиу вели дека постојано креираат нови активности, кои им се потребни на повредните од пожарот во кочанската диксотека „Пулс“. Тој посочи дека во одмарилиштето на МВР на Пониква на рехабилитација е веќе третата група на повредни, со коишто работат лекари, физиотерапевти.

-Таа програма излезе дека дава добри резултати и нормално ќе продолже се додека тие млади сакаат бидат дел од неа- рече Алиу.