Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени сончеви периоди. Во претпладневните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час – информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени, додека максималната ќе биде меѓу 13 и 21 степен.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно и посвежо со сончеви интервали. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 18 степени.
Во наредните денови се очекува продолжување на променливо облачно и посвежо време, со утрински температури кои на места ќе се спуштаат под нулата. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на моменти ќе биде и силен. Кон крајот на петокот, во текот на ноќта и во сабота се најавуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините, поради продор на постуден воздух од север, врнежите ќе бидат од снег.
































