На Манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани 2021“ претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Младен Чадиковски на директорот на Битолски весник, Менде Младеновски, во името на ЗНМ му додели посебно признание.
Признанието на Младеновски, ЗНМ му го додели заради неговиот огромен придонес во новинарството и опстојувањето на „Битолски весник“.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски при доделувањето на признанието истакна дека Младеновски е голем професионалец во новинарството и новинар кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.
-Младеновски секогаш се залагал за почитување на професионалните стандарди во новинарството, не само во „Битолски весник“ туку и во новинарската професија воопшто – истакна Чадиковски.