Во недела (22 март), во периодот од 07.30 до 11.30 часот, во скопската општина Аеродром ќе се одржи атлетска улична трка, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, пренесе МИА.
Трката ќе започне и ќе заврши на булеварот „Јане Сандански“, а учесниците ќе се движат по делови од булеварите „Јане Сандански“, „Србија“ и „АСНОМ“, како и по улицата „Васко Карангелевски“.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајот во овој период ќе биде пренасочуван по околните улици.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за безбедно одвивање на настанот.
































