Впечатоци од манифестацијата „Заедно за Македонија“
Во организација на Македонскиот национален совет – Швајцарија се одржа манифестацијата „Заедно за Македонија“ во Вилмерген, Швајцарија, на која беа испратени пораки за помирување и обединување на Македонците околу националните и државните интереси, но и пораки за афирмација и заштита на македонските национални особености – јазик, култура, традиција…
Свое обраќање на манифестацијата имаа академик Љупчо Коцарев – претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), проф. д-р Наташа Котлар Трајкова и проф. д-р Бранислав Светозаревиќ.
На прославата присуствуваа и познати Македонци од Тичино, на кои им бидат доделени
признанија за долгогодишно афирмирање на македонската култура, јазик, спорт и традиција во Швајцарија: Ане Тимовска Митрева, наставничка по дополнителна настава на македонски јазик во Локарно, Муралто и околните места, Жане Гогова, претставник од МПЦО „Пресвета Богородица“ Локарно која ќе прими благодарница во името на Трајко Ковачев, Претседател на Црковниот Одбор, Мите Петров, претседател на фудбалскиот клуб „Македонија“ од Локарно.
На манифестацијата на МНС беа присутни и претставници на различни македонски друштва во Швајцарија, а беа доделени и признанија за заслуги на истакнати поединци и претставници на друштва кои се активни во Швајцарија, како и на претставници од Македонската Црковна Општина. Д.Ст.