Втори август е национален празник на Македонија и Македонците и затоа отфрламе нова политичка историја за Македонија и Македонците. Илинденското востание било, е, и ќе остане Македонско востание и ништо друго. Отсекогаш и засекогаш. Гоце Делчев бил и ќе остане Македонец и само Македонец и ништо друго. Затоа отфрламе било какво заедничко македонско бугарско чествување на Илинден.
Ова беше главната порака која беше испратена на 52 Семакедонска средба, која се одржа во дворот на Македонскиот православен храм „Успение на Пресвета Богородица која се одража во Потпелистерското село Трново.
Од Средбата, на која присусвуваа неколку илјади иселеници од соседните и прекуокенаските земји, беше испратена порака и за семакедонско помирување и
обединување.
-Од овде, од ова свето место, Трново повикуваме на Семакедонско помирување и обединување. И покрај сите разлики помеѓу нас Македонците по род, по државјанство
од сите делови на Македонија во светот, во татковината само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител. Само Македонија е нашиот еден и единствен
заеднички содржател.Со Македонија не има, без Македонија сите заедно ќе
не снема – рече претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров на Семакедонската средба во Трново, која се одржа во организација на Матицата на
иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на здруженијата на
Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон.
На средбата свое обраќање имаше и претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, кој во своето обраќање до присутните рече дека
ние денешените генерации Македонци го носиме аманетот за зачувување на името, јазикот културата и историјата на македонскиот народ.
– Затоа ги повикуваме власта и опозицијата да се обединат во одбрана на националните и државните интереси на Македонија – рече тој.
Од Семакедонската средба во Трново беше побарано безусловно еднострано раскинување на Договорите со Атина и Софија и безусловно распуштање на Комисиите на Грција и Бугарија за ревизија на македонската историја.
-Посакуваме договори за траен мир и добрососедство со сите соседни држави и нудиме македонско помирување со сите соседни народи, но врз меѓународниот принцип на
суверена еднаквост, беше речено на Семакедонската средба во потпелистерското село Трново.