Владата на денешната седница го одобри Предлог-проектот за стратешка инвестиција во ски-центарот Попова Шапка.
– Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи од целиот свет, да ѝ носат приход на државата, а за граѓаните да отвораат нови работни места и нови економски можности – вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тој посочува дека има сериозен понудувач за развој на ски-центарот Попова Шапка.
– Сега веќе можеме да ја споделиме информацијата дека добивме сериозна понуда од страна на реномираната европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“, којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признаен експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени. Оваа компанија, по направеното истражување, понуди амбициозен план за развој, иновации и раст на ски-центарот Попова Шапка, кој се карактеризира со модернизација на постоечката ски зона и нејзино територијално проширување, подобрување на примарната инфраструктура неопходна за развој на областа, со квантитативни и квалитативно подобрување на туристичко сместувачката дејност, со вклучување на нови капацитети за прилагодување на туристичката понуда на актуелните барања на туристичкиот пазар и проширување на истата – вели Нуредини.
Тој појаснува дека станува збор за стратешко партнерство со ски-центарот Попова Шапка со амбициозен проект чија вкупна вредност изнесува 186 милиони евра и кој вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.
– Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се реализира во шест инвестициски фази од кои првата изнесува приближно 55 милиона евра – истакнува Нуредини.
Според Нуредини, туризмот на македонските планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовно реновирање на постоечките капацитети за да се исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, а долгогодишното неивестирање довело до сериозно заостанување и неискористеност на можностите и капацитетите за развој на туризмот.
Според Нуредини, туризмот на македонските планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовно реновирање на постоечките капацитети за да се исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, а долгогодишното неивестирање довело до сериозно заостанување и неискористеност на можностите и капацитетите за развој на туризмот. инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски центарот Попова Шапка – вели Нуредини.