Фото: Општина Битола

Силното невреме што зафати делови од Македонија предизвика серија одрони и излевања на реките во западниот и полошкиот регион.
Директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и Секторот за операции, информираат оттаму, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи на дожд и ги повикува граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112.
Според пријавите и интервенциите до 21 часот состојбата е следна:
-Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно.
– Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои отежнуваат сообраќајот.
– С. Балин Дол: излевање на Вардар; поплавени 10 земјоделски парцели и неколку дворови; намалено производство на ХЕЦ Маврово.
– С. Мало Турчане и с. Горно Бањице: излевање на Лакавичка и Сушичка река; поплавено земјоделско земјиште; општината нема соодветна механизација.
– С. Форино: паднато дрво во коритото на Вардар, ризик од поплава; екипа со моторна пила на терен.
– Тетово–Бањиче (Цртаниот ѕид): свлечишта и одрони; патот расчистен со багер и обележан.
Битола и околина:
– С. Лера: поплава кај мостот, можно проширување кон селото.
– С. Породин: поплава на живинарска фарма.
– Општина Ресен (с. Перово, с. Дремени, Долна Бела Црква): поплавени дворови и земјоделски земјишта; реките не се излеани.
– С. Сирхан: одрон отстранет.
– Охрид: поплавени подруми, гаражи и дворови; ЈП и локалната самоуправа интервенирале.
– Кичево: поплавени стамбени објекти на ул. Прилепска; евакуирани 60 лица во спортската сала Христо Узунов.
– Охрид – Пештани (кај хотел Гранит): одрон на патот; патот прооден, расчистување на поголеми нанос се очекува во наредни 1–2 часа.
– Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга): расчистување свлечишта и одрони.
– Боговиње: Поплави на обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградба на автопат; нема загрозени куќи.
Сите надлежни служби се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи. Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вечерва е на терен на места на кои се интервенира по обилните врнежи од дожд кои предизвикале проблеми.
-По обилните врнежи од дожд кои деновиве, а особено попладневно го зафатија и битолскиот регион дојде до поплавуавње на дел од селото Кравари од каналската мрежа. На лице место сум со директорот на јавното претпријатие „Водовод“ Битола, Андреј Гинов, каде ја следиме состојбата – вели Коњановски.