Вкупно 9. 433 илјади патници биле превезени во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2024 година, што е за 6.9 проценти помалку во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7.4 проценти, во приградскиот за 10.4 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13.2 проценти, а во меѓународниот превоз за 2.7 проценти.
Во третото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8.9 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17.3 проценти, во приградскиот превоз е намален за 1.3 проценти, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.4 проценти, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10.8 проценти.