Локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври ќе бидат распишани од претседателот на Собранието Талат Џафери на крајот на јули или на почетокот на август. Распишувањето на изборите ќе зависи од информациите за завршувањето на мандатите на градоначалниците, како што истакна Џафери на средба со новинарите.
– Кога ќе дојде време ќе пуштам писмо до ДИК во однос на роковите и мандатите – истакна Џафери.
Претседателот на Собранието нагласи дека тој нема да остави простор за „пропуст” што потоа би можел да го доведе во прашање целиот изборен процес. Џафери предупреди и дека изборната кампања би можела да се поклопи со пописот на населението (завршува на 30 септември), доколку изборите би се одржале на 17 октомври.
На 1 јули започнува комисиската дебата за ребалансот на Буџетот. Џафери посочи и дека во законодавниот дом не се стигнати предлозите за еколошката такса на горивата и за намалување на ДДВ кај струјата и оти не знае кога би биле ставени на дневен ред на седница. Џафери информираше и дека на 28 и 29 јуни ќе биде во Брисел на покана на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.