Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска во Анкара ќе се сретне со спикерот на Големото национално Собрание Исмаил Кахраман и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк, како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Џафери вчера на аеродромот во Анкара беше пречекан од Исмаил Бурге, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Турција – Македонија со кого оствари протоколарна средба.
Во придружба на Џафери се и потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција, Енес Ибрахим и членот на Групата за соработка, Јусуф Хасани.