Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше за денешните случувања во Собранието.
Според него, можно е од утре да се знае и тоа како ќе изгледа новото мнозинство.
Џафери не ја исклучи можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието и не обезбеди кворум за седницата за гласање на недоверба на Владата, да остане дел од актуелното мнозинство, но, како што рече, тоа сепак ќе биде лична одлука на Реџепи.