Собранискиот спикер, Талат Џафери, ги предупреди пратениците по говорот на Зијадин Села, кој се закани дека ако продолжат да се приведуваат луѓе за цртање графити самиот тој со спреј ќе напише „Доле ДУИ“.
Ако следен пат ги приведат и бараат организатор, јас ќе земам спреј и овде над вашата глава Џафери ќе напишам „Доле ДУИ“ и ќе се пријавам за организатор на пишувањето графити, рече Села.
Мене само еднаш овде ми истурија вода на глава и јас тоа нема да го толерирам повеќе. Не си играјте со моето трпение, возврати Џафери.