Грчкиот архиепископ Јеронимос смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести.
За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.
– Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање итн. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот – рече Јеронимос одговарајќи на новинарски прашања по посетата на еколошки центар за предучилишно образование.