Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.
– Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог, овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.
Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ го поздрави и Европската Комисија преку еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.
Алексис Ципрас утрово одржува дебата со европратеницитe на пленарната седница на Европскиот Парламент за иднината на Европа.