Велика Британија му честита на грчкиот Парламент за успешната ратификација на Договорот од Преспа. Ова е историски момент со кој се затвора деценискиот спор. Денешното гласање овозможува да се заврши имплементацијата на Договорот, кој ја има целосната поддршка од Велика Британија, истакна вечерва британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант.
Според него и двете земји покажале голема храброст и волја да работат заедно кон вистински промени.
– Договорот ја зголемува перспективата за стабилност и просперитет низ целиот регион. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со двете сојузнички земји во интерест на европската безбедност – додаде Хант.