Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која е активна на Твитер, не му премолче на еврокомесарот Хан, па синоќа го прозва во својот пост, откако комесарот ги повика граѓаните да гласаат на референдум.
-Само кога ќе кажете Република Македонија, господине Хан, ќе имате кредибилитет да ги повикувате македонските граѓани на оваа земја да го остварат своето демократско право: да гласаат за, против или да го бојкотираат референдумот- му порача Цветанова на евроамбасадорот.
Повод за постот на поранешната министерка дојде откако Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер синоќа ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември.
– ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната иднина, напиша Хан.