До граѓанскиот суд утре ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед, против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска на прес-конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
– Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат – нагласува министерот.
Венко Филипче вели дека постапките ќе докажат оти немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета.
– Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици, тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините – вели министерот