Државната изборна комисија (ДИК) упати јавен повик до граѓаните за проверка на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот во податоците почнува на 9 август и ќе трае до 23 август на полноќ.
ДИК ги повикува граѓаните Македонија, да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него, тоа да го направат преку веб-страницата на ДИК хттпс://избирацкисписок.гов.мк/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни, наведуваат од ДИК.
Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК може да се најде на линкот.