Најодговорно потврдувам дека ниту сум изготвил, ниту сум потпишал ниту едно решение за унапредување на било кој државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата директор на Агенцијата за катастар на недвижности.
Ова денеска го изјави поранешниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, реагирајќи на кривичната пријава што му ја поднесе МВР токму заради потпишување на решенија за унапредување на државни службеници.
– Донесување на решенија за распоредување на државни службеници врз основа на Законска обврска за усогласување со новиот Закон за административни службеници за кои се обезбедени согласности од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за рамковен договор, најнеспособниоот директор во историјата на катастарот го пријавува како кривично дело за кое денес 11. Октомври државен празник Министерството поднесува кривична пријава против мене – рече Трпески.
Според него, се работи за политичка хајка.
– Политичката хајка против мене е со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар, како и општата пост референдумска состоба во Републиката – рече Трпески.
Според него, актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници, го растури целиот профионален менаџерски тим обучуван од Шведскиот и Холандскиот катастар.
– СДСМ одлучи да прави политички прогон против лица докажани во својата струка и барани од светски меѓународни организации без ниту еден доказ сè со цел да се оттргне вниманието од актуелната политичка ситуација во земјата – стакна Трпески.
Тој најави дека ќе поднесе кривични пријави против сите инволвирани лица, кои, како што рече, ја валкаат неговата чест, а рече уште и дека ќе ги информира сите меѓународни институции.