Проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е главен приоритет за Европската комисија. Работиме на три патеки. Првично, денеска предлагаме конкретни чекори за тоа како да го засилиме пристапниот процес. Додека го засилуваме и подобруваме процесот, приемот и целосното членство во ЕУ остануваат цел. Второ, паралелно, Комисијата останува со цврст став за препораките за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија и наскоро ќе информира за напредокот постигнат од двете држави. Трето, во подготовката на самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај, Комисијата ќе истапи со економски и инвестициски план за регионот. Ова го порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархели, при соопштувањето на планот за поттикнување на пристапниот процес за ЕУ, правејќи го поуверлив, со посилна политичка волја, подинамичен и попредвидлив.